- Мочна киселина
-
Клиничко значење:
Производ на катаболизмот (разложувањето) на пурините. Зголемени вредности се јавуваат кај ГИХТ (таложење на кристали на мочна киселина во зглобовите), заради намалена филтрација на бубрезите. Може да се јават и кај висок крвен притисок, трудници, алкохолишари, труење со храна и др. Намалената концентрација е без дијагностичко значење.
Концентрација се одредува во серум и урина.