Тел: 13 090  |  E-mail :
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

Genesis/Genesis Plus - Пренатален скрининг

2023-05-23
Genesis/Genesis Plus - Пренатален скрининг

Genesis/Genesis Plus – неинвазивно одредување на фетални хромозомски анеуплоидии и микроделеции/микродупликации

Пренаталниот скрининг и пренаталната дијагноза се ефективни методи за редукција на инциденцата на генски дефекти. Откривањето на cell-free фетална ДНК и РНК во мајчината крв нуди нов извор на фетален генетски материјал за неинвазивна пренатална дијагноза. Ваквата нова техника е точна и е безбедна за бременоста во споредба со алтернативните методи. Инциденцата на хромозомски аберации / аномалии се зголемува со возраста на мајката и може да достигне 2.5%  кај трудници со возраст над 35 години.

NIPT тестирањето на феталните хромозомски анеуплоидии и микроделеции/микродупликации се потпира на новата генерација на платформи за масовно паралелно секвенционирање со цел да се определи дали фетусот има хромозомски субструктурни абнормалности, како синдроми на хромозомски микроделеции или микродупликации, преку крвта на мајката и кое вклучува 100 хромозомски абнормалности. Овој тест може да спречи или редуцира број на новородени кои би имале дефекти и посеопфатно и поефикасно да помогне во решавањето на клиничките проблеми кои се среќаваат при превенција и третман на хромозомски заболувања.

 

Анализи кои може да помогнат во навремена детекција на хромозомски анеуплоидии и микроделеции/микродупликации на фетусот се  Genesis и Genesis Plus анализите. Со Genesis анализата се опфатени најчестите хромозомски анеуплоидии :

  • Трисомија 13 (Patau)
  • Трисомија 18 (Edwards)
  • Трисомија 21 (Down)

Инциденцата на овие синдроми  е 1:8000 за трисомија 13 (Patau), 1:3500-1:8000 за трисомија 18 (Edwards) и 1:1000 за трисомија 21 (Down).

 

Во Genesis Plus анализата освен погоре нааведените синдроми вклучени се и:

 

    • Анеуплоидии на половите хромозоми
        • Тарнеров синдром (XO)
        • Klinefelter-ов синдром (XXY)
        • Jacob-ов синдром (XYY)
        • Троен X (XXX)

 

    • микроделеции /микродупликации со големина ~ 3 Мb: 1p36 (del), 22q11.2 (DiGeorge синдром, del), Wolf-Hirschhorn (4p16.3, del), Cri DU Chat (5p-, del), Angelman (15q11-q13,del) и Prader-Willi (15q11-q13,del)

 

    • 87 микроделеции/ микродупликации со големина ~ 10 Mb меѓу кои и: Smith-Magenis (17p11.2, del), Potocki - Shaffer (11p11.2, del), Jacobsen (11q23.3-q25), Yuan-Harel-Lupski (17p12-p11.2, dup), Potocki –Lupski (17p11.2, dup) и други.

 

Кому му се препорачува тестот:

  1. Бремени жени со индикации кои сугерираат висок ризик за фетална анеуплоидија и кои сакаат да имаат брз и точен тест. Индикаторите вклучуваат:
  • Возраст на трудницата
  • Позитивен резултат на серолошки скрининг  каде ризикот на честа хромозомска аберација е помеѓу висок ризик и  1/1000
  • Абнормалности видени на ултразвучен преглед
  • Историја на раѓање на дете/деца со хромозомска/и анеуплоидија/и
  • Родителска/и абнормалност/и кој вклучува еден од тестираните хромозоми

 

  1. Трудници со контраиндикации за интервентна пренатална дијагноза ( опасност од абортус, треска, склоност кон крварење, неизлечени инфекции)
  2. Трудници со гестациска недела од над 20+6 недели, кои го пропуштиле најдобриот период за серолошко тестирање

Важно! Количеството на фетална ДНК во крвта на мајката се зголемува со зголемување на гестациската возраст и зависи од состојбата на плацентата и карактеристиките на текот на бременоста. Тестот се препорачува од 12 гестациска недела. Специфичноста и сензитивноста на методата изнесуваат 99.91% и 100%, соодветно.

Примерок за анализа: периферна венска крв.

Зошто да го одберете овој тест?

Единствено во Биотек Лабораторија, во Република Северна Македонија и пошироко на Балканот, за прв пат се воведува методата на неинвазивно одредување на анеуплоидии кај фетусот со користење на новите секвенционирачки технологии. Сега неинвазивната пренатална дијагностика (NIPT) станува достапна и на нашите простори.

Биотек Лабораторија се грижи за вашето здравје.
БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

 

...

Датум на објава: 2023-05-23

Алергиски заболувања во детска возраст

2023-04-06
Алергиски заболувања во детска возраст

Алергиски заболувања во детска возраст

Според СЗО (Светска Здравствена Организација), алергиските заболувања кај деца во последните неколку години,бележат значителен пораст и опфаќаат околу 30-35% од децата. Тие претставуваат главна причина за заболувања кај децата.
Атопијата е генетска предиспозиција за создавање антиген специфични ИгЕ антитела и претставува комплексна состојба која што е резултат на интеракција на гените и факторите од животната средина. Алергените од животната средина може да бидат од надворешна средина - интермитентна (времена, повремена) изложеност од поленски зрна во зависност од сезоната и спори на мувла и најчесто предизвикуваат сезонски симптоми. Сезонските алергии - сезона на полен, зависи од географската локација, но генерално го следи редоследот на дрвјата( март-мај), треви(април-јули) и плевелот(август-октомври). Аероалергени од внатрешна средина - континуирана ( целогодишна) изложеност од дерматофаги од домашна прашина, епител од животинско потекло(миленичиња), спори на мувла, штетници како што се лебарки и глодари, кои се предизвикувачи на симптоми во тек на целата година.
Фактори кои може да предизвикаат или да го променат алергискиот одговор се - дозата на алергенот, времето на изложеност и истовремена изложеност на друг алерген. Алергиската сензибилизација е израз на клиничка алергија која е резултат на комплексна интеракција на животна средина и генетски фактори. Дишните патишта се постојано изложени на честици кои содржат протеини од билошко потекло кои се способни да потикнат создавање на имуноглобилин ИгE антитела и да предизвикаат алергиска реакција. Клинички одговор на аероалергени од животната средина се манифестира како алергиски ринитис или астма, а понекогаш се присутни и дветте состојби.
АТОПИСКИ МАРШ започнува од најмала возраст некаде околу 3тиот месец на доенчето со појава на егзема, атописки дерматит, до 3-4та година поприсутна е алергиска симптоматологија од нутритивни алергени,најчесто се зафатени деца од атописки семејства, а подоцна често се случува и спонатно да се повлечат. Алергиските манифестации се должат на протеин на кравјо млеко, јајца, ораси, морски плодови...од 5тата година на детето започнува алергиска симптоматологија од аероалергени, како алергиски ринитис, астма...децата со алергиска генеза во детството и адолесценцијата може да развијат уртикарија и ангиоедем, алергија на убод од инсект, алергиски заболувања на очите, контактен дерматит и животозагрозувачка анафилакса.
Во тек ни е сезона на алергии предизвикани од полен на дрвја и треви, со симптомина течење на нос, кивање,чешање на очите, кашлица која може да биде пропратена со визинг ( свирење во градите), отежнато дишење поради конгестија на носна слузница, немирен сон кој во тек на дневните активности на детето му се одразува со замор, главоболка, истоштеност... често пати може да се надоврзе и вирусна или бактериска инфекција која е потребно соодветно да се третира.

 Од посебно значење и важност е пристап кон алергиски пациент, при што се започнува со детална анамнеза (податоци за пациентот- симптоми, утврдување не сезонски или дневни варијации, идентификација на предизвикувачите ( тригер фактор), реакција на лекови, фамилијарна генеза.Продолжува со физикален наод и се пристапува кон алерголошки иследувања кои можат да бидат ин-витро иследувања со земање на крв и детекција на специфични ИгЕ антитела, како и тестирање врз кожата со кутани тестови.
Третманот кај децата иницијално се започнува со новогенерациски антифистаминици преку уста во форма на сируп или таблети, ИКС- инхалирачки кортикостероиди, локална терапија во форма на спреј за нос, антилеукотриени и специфична имунотерапија. Покрај медикаментозна терапија корисни се и мерки за намалена експозиција на алергените, посебно за оние од внатрешна средина, како отсранување на милениче, редовно проветрување и одржување на хигиена на површините, заштитна постелнина, хипоалергиски душеци, како и соодветна температура и влажност во домот за елиминација на влага и развој на мувла.
Алергиите се третти по ред заболувања на светско ниво, посебно се погодени оние кои живеат во урбани средини, секојдневни стресни околности, несоодветни амбиетални услови, каде покрај генетската предиспозиција влијаат и факторите на животна средината. Родителот има клучна улога во третман на дете со алергија, пред се што детето учи од родителот како треба да живее со алергии, навремена и соодветна терапија, редовни посети и контроли како и квалитетна соработка и комуникација со лекарот.
Д-р.Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ Педијатар - Пулмоалерголог

Брза и безбедна дијагностика со широка палета на алергиски панели, Ео во носна слузница и 5 - диференцијална крвна слика.

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

Закажете го Вашиот преглед кај Д-р.Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ, Педијатар – Пулмоалерголог.
📍ул. Народен Фронт бр.5 (позади Биотек Лабораторија).
📞 077 88 88 83

 

...

Датум на објава: 2023-04-06

AVRI е високоспецифичен молекуларен тест за детекција на SARS CoV-2 и 15 други најчести вирусни предизвикувачи на акутни респираторни инфекции

2022-09-27
AVRI е високоспецифичен молекуларен тест за детекција на SARS CoV-2 и 15 други најчести вирусни предизвикувачи на акутни респираторни инфекции

Со есента и престојната зима се зголемува осетливоста кон вирусните и бактериските инфекции, особено кај децата. Биотек Лабораторија ви нуди можност за рано откривање на причинителот
Панел AVRI со промотивна цена 4.500мкд.
🔴Можност за изработување на анализата AVRI преку ФЗО со цена од 550мкд🔴
*со упат од педијатар (специјалист)

AVRI е високоспецифичен молекуларен тест за детекција на SARS CoV-2 и 15 други најчести вирусни предизвикувачи на акутни респираторни инфекции.Тестот AVRI се изработува по принцип на Multiplex Real- Time PCR, што овозможува 99.9% специфичност и сензитивност при детекција и диференцијација на следните вирусни патогени:
• SARS CoV-2,
• Human coronavirus OC43,
• Human coronavirus HKU1,
• Human coronavirus 229E,
• Human coronavirus NL63,
• Human parainfluenza virus type 1,
• Human parainfluenza virus type 2,
• Human parainfluenza virus type 3,
• Human parainfluenza virus type 4
• Influenza A virus,
• Influenza B virus,
• Human bocavirus,
• Human adenovirus,
• Human metapneumovirus,
• Human rhinovirus,
• Human respiratory syncytial virus

БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!

Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

 

...

Датум на објава: 2022-09-27

Алергиски пакет

2022-04-27
Алергиски пакет

Алергија е најчеста хронична состојба која го инволвира нашиот имун систем. Во нормална состојба, имуниот систем се бори против вируси, бактерии и инфективни агенси. Кога имаме алергија, имуниот систем реагира како на закана на безопасни честички како прашина или полен, против која се бори веднаш со создавање на специфични антитела наречени имуноглобини Е (immunoglobulin Е - IgE).
Супстанците кои предизвикуваат алергиски реакции се нарекуваат алергени. Покрај прашина, полен и животински првут, постојат и одредени хранителни намирници кои се предизвикувачи на алергиски реакции.
БИОТЕК лабораторија нуди алергиски пакет според светски протокол за анализа:
- IgE ( immunoglobulin E). Доколку параметарот е покачен се изработува алергиски панел со 30 алергени.
👉 Цена IgE - 700мкд
👉 Цена алергиски панел по покачено ниво IgE - 1.800мкд (2.250мкд редовна цена)
Тестирајте се според протокол - immunoglobulin E и алергиски панел.
БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!
Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!
...

Датум на објава: 2022-04-27

Домашна посета

2022-04-04
Домашна посета

Почитувани пациенти,
БИОТЕК лабораторија воведува бесплатни домашни посети за лабораториски услуги во вредност над 1.500мкд.
За лабораториски услуги со вредност под 1.500мкд, домашна посета изнесува 300мкд на територијата на град Скопје.

a42;A039; Закажете го вашиот термин на 02/5300 - 898

БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!
...

Датум на објава: 2022-04-04
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2024