Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  

БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА ОТВОРИ МИКРОБИОЛОШКА И МОЛЕКУЛАРНА ЛАБОРАТОРИЈА

2016-07-28
БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА ОТВОРИ МИКРОБИОЛОШКА И МОЛЕКУЛАРНА ЛАБОРАТОРИЈА

БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА ОТВОРИ МИКРОБИОЛОШКА И МОЛЕКУЛАРНА ЛАБОРАТОРИЈА
 
 БИOTEK Лабораторија, првата специјалистичка лабораторија направена по водечките светски стандарди, отвори две нови лаборатории - микробиолошка и молекуларна лабораторија. Лабораториите на БИОТЕК се познати по тоа што се опремени со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема, реагенси и софтвери за дијагностика. 
„Желбата за придонес кон подобро здравје кај луѓето е она што нè води и нè мотивираше да инвестираме во најсовремени апарати за биохемиски, имунолошки, вирусолошки, микробиолошки и молекуларни анализи. Во БИОТЕК Лабораторија избравме да го презентираме најдоброто од она што го работиме 17 години во областа на здравството: најдобри апарати, реагенси, најсовремени софтвери за толкување на резистенција кај пациенти кои примиле антибиотици, најсовремени тестови за алергии, со најсовремени протоколи и сертификати. Создадовме искусен тим на доктори и медицински лица кои поседуваат високи професионални и етички вредности. Сакаме на секој пациент да му го покажеме она што сме го научиле работејќи со најголемите светски производители во оваа област. Исто така, сакам да напоменам дека иако нашата лабораторија нема договор со фондот за здравство, работиме со фондовски цени со една цел - да бидеме достапни за секого." - изјави г-ѓа Анкица Синадинова – Базерко, Мр. Фарм.
 
 
 
 
 
 
Со отворањето на новите лаборатории, БИОТЕК Лабораторија воведе нови анализи кои не се работат во другите лаборатории, како на пример: PHI-Prostate Health Index, нови тестови со софтверски протокол за детекција на канцер на простатата кој овозможува избегнување на биопсија, прокалцитони - точно дефинирање на бактериска од вирусна инфекција, како и следење на антибиотска терапија, автоматска микробиолошка идентификација и антибиограм со најсовремено софтверско толкување (Vitek- advanced expert software), PCR детекција на многу анализи кои во Македонија се работат на брзи тестови или микроскоп како на пример респираторни инфекции од вирусно и бактериско потекло - во еден панел, кламидија од урина, неподносливост на лактоза и фруктоза, испитување на Витамин Д - основен маркер за рахитис и остепороза, проверка дали примената вакцина направила антитела во вашиот организам.
 
 
 
 
 
 
Опремата и реагенсите во лабораториите се од врвни светски брендови како Beckman Coulter, BioMerieux, MEDIWISS. БIOTEK лабораторија нуди комплетна клиничка анализа без упат по фондовски цени со најсовремена технологија, мониторирана и сертифицирана во Англија на месечно ниво. 
Молекуларната и микробиолошката лабораторија се наоѓаат во рамките на веќе постоечките простории на улица Аминта трети 44, поранешна Ленинова, во центарот на Скопје.
 

Датум на објава: 2016-07-28
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2018