Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  

Промоција на генетска карта за остеопороза и калциум метаболизам+витамин Д

2017-03-22
Промоција на генетска карта за остеопороза и калциум метаболизам+витамин Д

Генетска карта за остеопороза и Ca метаболизам. 

RT PCR испитување и Cа баланс соVDR gen и вклучено испитување на Витамин D3-OH

По промотивна цена за Светскиот ден на Здравјето за само 1499,00 ДЕН  (промоцијата ке трае во наредните 30 дена од 22.03-22.04)

само во Биотек Лабораторија најсовремена лабораторија со напредна технологија

 
Еден од најдобро познатите гени поврзани со остеопороза е генетскиот рецептор за витамин D(VDR ген)

ВитаминД -рецепторот(VDR)е интрацелуларен хормон рецептор за витамин Д3. Овој рецептор овозможува експресија на гени кои што се инволвирани во хoмeостазата на калциум, кои се главни лидери за намалување на минералната густина во коските кај деца, млади во развој ,  жени и мажи во сите возрасти , жени во пред/пост менопауза.

Рамотежата на калциумот во организмот (КАЛЦИУМ БАЛАНС) претставува однос на неговата концентрација во крвта (ЈОНИЗИРАН КАЛЦИУМ) и концентрацијата во коските.Нормална концентрација на јонизиран калциум не корелира со вистинската состојба на калциум и во коските.Хиперкалцемијата и хипокалцемијата се генетски предиспонирани состојби, кои со генетска анализа може да се откријат и соодветно да се третираат. Неадекватната суплементација со калциум може да доведе до калцификација на меките ткива и кардиоваскуларни оштетувања или губење на коскеното ткиво.

Генетското испитување овозможува анализа на метаболизмот на калциумот преку Витамин Д рецепторот, VDR ген, кој е истотака одоговорен за апсорпција на витамин Д3 во коските што директно ја дефинира густината на коскеното ткиво.

Тестот се препорачува кај деца во развој, пациенти со бубрежни заболувања, пациенти со метаболни нарушувања на коските, жени пред и постменопаузален период, пациенти со автоимуни заболувања и кај сите оние кои сакаат да ја следат густината на коскеното ткиво со што навремено ке се спречи остеопорозата.

 

Датум на објава: 2017-03-22
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2018