Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  

Испитување за грип (ИНФЛУЕНЦА)

2017-12-05
Испитување за грип (ИНФЛУЕНЦА)

Што е инфлуенца (Грип)?
Инфлуенца (општопозната како грип) е високо заразна инфекција на респираторниот тракт. Во повеќето случаи предизвикува благи до сериозни заболувања, но во некои случаи предизвикува и смрт.
Има два типа на човечки грип, тип А и тип Б, кои се најчестите причинители на заболувања на респираторниот тракт кај деца и возрасни.
Грипот е и сезонско заболување, кое најголем подем има помеѓу Октомври и Март во Северната хемисфера и помеѓу Мај и Септември во Јужната хемисфера.

Повеќето луѓе заразени од грип се опоравуваат за една до две недели без медицинска терапија. Меѓутоа, кај високо ризичната популација може да се развијат компликации како пневмонија, бронхитис и инфекција на уво.
Грипот лесно се шири од бацили ,кога заразени киваат или кашлаат, преку физички контакт, или преку допир со заразена површина (кваки од врата, маси...) и потоа допирање на носот или устата.

Најчестите симптоми на грип се:  •треска (покачена температура/тресење)  •кашлица и/или надразнето грло  •течење од носот/затнат нос 

•болки по телото и/или главоболки                                   

•замор

Кој е под ризик?

Иако заболувањето од грип вообичаено не е сериозно,одреден дел од популацијата се под поголем ризик од развивање на компликации:  •мали деца (6 месеци - 5 год.)  •повозрасните (над 65 год.)  •бремени жени  •пациенти со хронични заболувања, како срцеви     заболувања, дијабетес и астма  •луѓе во домови за грижа или други институции со       долготрајна нега  •луѓе со нарушен имунитет

Грипот се разликува од обичната настинка, иако најчесто симптомите се слични.Генерално, грипот настапува наеднаш, и симптомите како треска, болки по телото и заморот се поизразени за разлика од настинката. Луѓето со настинка е поверојатно да имаат затнат нос/течење на нос.Доколку мислите дека имате грип, важно е да стапите во контакт со вашиот доктор во рок од 48 часа од првите симптоми. Вашиот доктор може да изврши испитувања во првите неколку дена од заболувањето да одреди дали имате грип или не.

Зошто е важно испитувањето за грип?

Анализата за грип му помага на вашиот доктор брзо да одреди дали вашето заболување е причинето од вирусот инфлуенца или не.Доколку имате грип, вашиот доктор може да препише соодветна антивирусна терапија која ќе помогне да се сопре вирусот од ширење и ќе го намали периодот на боледување. За да биде поефикасна, антивирусната терапија треба да почне да се зема во првите 2 дена од заболувањето.Со правењето на анализа за грип во првите 48 часа од првите симптоми, вашиот доктор може да ви ја обезбеди вистинската терапија доколку тоа е потребно.

Датум на објава: 2017-12-05
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2018