Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  

Биотек 20 години

2019-10-03
Биотек 20 години

Компанијата Биотек е основана 1999-тата година со основна дејност работа со медицински потрошен материјал и опрема за клинички и индустриски сектор. Своите почетоци ги започна со само тројца вработени како ексклузивни застапници на веќе познатите светски компании: Biomerie  Франција,Diamed Швајцарија,Sigma Aldrich и Human od Германија. Потребата од усовршување на биохемиските и микробиолошките лаборатории низ Македонија ја наметна потребата од проширување на основната дејност на Биотек. Тимот на вработени се надополнуваше со нови кадри, нoви странски партнери, нови теми во медицината и нови стратегии.

Компанијата започна да работи на терен организирајќи многубројни работилници и семинари, презентации со реномирани професори , активно учевство на конгреси од областа на микробиологијата, биохемија, имунологија и молекуларна дијагностика, хемија, течно-масна хроматографија.

 

Би ги издвоиле годините кога Биотек иновативно воведуваше новитети во нашата држава:

1999- Првиот имунолошки апарат на Медицински факултет – Институт за микробиологија (Видас) со поддршка на тогашниот раководител на Институтот,

2000- Презентации од имунологија од страна на реномиран Професор од УКИМ, по сите здравствени установи во Македонија- резултираше со воведување на наши имунолошски апарати Видас и Видас тестови во Македонија за прв пат во самите лаборатории во болниците а подоцна и во Здравствените домови. Имено овие анализи до тогаш се пракаа во Скопје во ИКБ или Институт за патофизиологија.

2000 година- првиот Витек и употреба на готови подлоги во контролни лаборатории во Алкалоид- за прв пат се направи акредитација на контролна индустриска лабораторија во Македонија со употреба на сертификатите од нашите подлоги и автоматизација .

2004 година-Првото молекуларно тестирање на HPV во Македонија, во организација на Биотек , а со поддршка на тогашниот Министер за здравство, Проф Др Владимир Димов, Проф Др Марјан Стојовски , како директор на Гинеколошка Клиника Скопје, воведе правило за оваа дијагностика. Овој беше прв национален скрининг во Македонија  . Истиот опфати околу 9000 девојки и жени во Македонија, тестирани со реагенси од Биотек.Истотака тогаш се воведе првата имунолошка дијагностика во клиниката за Гинекологија со наш апарат Видас и реагенси. Имено клиниките немаа сопствени лаборатории,а Гинекологија беше првата која го смени статутот и почна со сопствена дијагностика.

Во 2009-тата година Биотек го прослави своето 10 годишно постоење. Се пресели на повеке од 1000 квадрати деловен простор под падините на Водно. Тимот на вработени се зголеми и компанијата се реорганизираше во поединечни сектори., сертифицирана со ISO 9001/2008

Во 2009-та година Биотек ја прошири својата дејност и надвор од границите на РМ, освојувајќи го пазарот во Косово со истите застапништва и дејности и сектори согласно програмите кои ги застапуваат.  Биотек Косово денес е успешна фирма која работи на свој простор со професионален тим кој слави 10 години.

Во 2011-та година , во заеднички проект и огромен ентузијазам на Клиниката за Педијатрија и со поддршка на Проф. Александар Димовски, се воведе најсовремена опрема за неонатален скрининг за метоболни нарушувања кај новородечиња,-можност да се избегне стагнација во ментален и физички развој на новороденчето.

Во 2012 –та година,  во МАНУ се инсталираше најосвремената опрема од нашето портфолио, Протеомика, (хроматографски систем со софтвер- Waters) за дијагностика на аутизам, шизофренија и Алцхајмер .

Биотек е компанија која се грижи за имплементација на современата медицина во својата земја. Нејзината донација и поддршка во Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби овозможи оваа клиника во 2013-тата година да воведе сопствена микробиолошка лабораторија.

Во 2018 Биотек добива награда од Стопанска комора на Македонија за компанија која континуирано инвестира во нови технологии и опрема.

2017 година, Биотек ја отвори својата прва дијагностичка лабораторија, во центарот на град Скопје

2018 година Втората лабораторија во Кисела Вода

2019 година третата најголема лабораторија на повеке од 300квадрати.

Биотек лабораторија е единствена приватна лабораторија која е мапирана со 4 поединечни лиценци за биохемија-имонологија, лиценца за микробиологија и посебна лиценца за молекуларна лабораторија, со што Биотек ја отвори првата приватна лиценцирана молекуларна лабораторија.

Лабораторијата е опремена со најдобрите апарати кои постојат во нашата дејност и е промотер на  уникатни анализи, до тогаш комплетно непознати во Македонија како :

-          PHI- (prostate health index –пропишан од Светската здравствена организација - WHO како критериум за ДА или НЕ биопсија.)  Изработени се безброј анализи кои сосема соодветствуваат со состојбата на пациентот и сигурен показател дали треба да се прави биопсија или не

-          Bladder test-

-          Тестирање на состав на камен од уринарен тракт

-          ВДР-ген( Витамин Д рецептор ген), маркер кој покажува дали Вит Д се врзува зо организмот. Оваа анализа  заедно со Вит Д беше промовирана пред 2 години како сосема непознати анализи. Тоа беше и почеток кога во Македонија почна да се тестира Вит Д и да се открива неговата улога.

-          ХПВ  квантитативен тест заедно со сексулните трансмисивни заболувања

-          Респираторен молекуларен тест со 33 патогени (бактерии, вируси и фунги)....

-          И уште многу други, ја направи Биотек лабораторијата уникатна и препознатлива

Денес Биотек брои повеке од 60 вработени, работи на сопствени простори од 1900 квадрати.

Одржува повеке од 600 инсталирани апарати,  работи со приближно 1200 купувачи во земјата и со повеке од 200 странски добавувачи.

Биотек последните две години активно прави хуманитарни акции  во школото Златни Сремац , со што помага на развојот на децата со специјални потреби.

Подарокотна јубилејниот настан е специјално изработен од дечињата со посебни потреби од училиштето "Д-р Златан Сремeц” и има хуманитарен акцент. Најзначајно прашање е “Што правите за другите?”. Ние се трудиме да дадеме насмевка насекаде, како и професионалност кај секој клиент.

Никогаш сам, секогаш свој!

БИОТЕК

Датум на објава: 2019-10-03
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2019