Тел: +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |  
Тироиден Хормонски Статус

Што претставува тироидната жлезда?

Штитната жлезда (тироидна жлезда) е најголема ендокрина жлезда (жлезда со внатрешно лачење) во човековиот организам. Се наоѓа на предната страна во вратниот регион и е подвижна при голтање.
Кај здрава индивидуа тежината изнесува 18-22 g.

Тироидната жлезда ги лачи хормоните T3 (тријод тиронин) и T4 (тироксин), кој го регулираат метаболизмот во клетките на сите ткива во нашиот организам. Во крвта тироидните хормони се јавуваат во слободен облик, како fT3 и fT4 и се врзани за транспортните протеини, тироксин – врзувачки глобулин, преалбумин и албумин.

Околу 0,3% од вкупниот Т3 циркулира kako fT3 и околу 0,04 како fT4. Овие форми се биолошки активни.

Излачувањето на хормоните од штитната жлезда е под влијание на TSH (тиреостилуматорен хормон) кој го лачи хипофизата.

Хормоните на тироидната жлезда влијаат на раст и созревање, ја контролираат нашата терморегулација и синтеза на протеини како и разградувањето на мастите. Тироидните хормони имаат клучна улога во развојот на нервниот систем, ја зголемуваат осетливоста на различни стимулуси, влијаат на чувството на глад, памтење и способност за учење како и на нормалниот емоционален тонус. Исто така имаат важна улога во репродукцијата на мажите и жените и на одржување на нормална бременост. Влијае на растот и развојот на мозокот во феталниот период и во периодот на првите години во животот.

Во кои години најчесто се јавуваат проблеми со тироидната жлезда?

Хипотиреоза (намалена функција) може да се јави во било кој период на животот, а хипертиреоза (зголемена функција) почесто кај жените во репродуктивниот период. Иако менопаузата сама по себе не предизвикува пореметување на фунцијата на тироидната жлезда, современите студии истакнуваат дека една од четири жени со симптоми на менопауза (замор, променливо расположение, депресија, пореметување на сонот) има и проблем со тироидната жлезда, заради тоа се препорачува проверка на тироидните хормони.  

Во светот повеќе од 200 милиони луѓе имаат пореметување на тироидната жлезда. Во развиените земји секоја 20-та особа има некаков облик на заболување на тироидната жлезда, а овие заболувања се од 5-7 пати почести кај женскиот пол. Поголемиот дел од овие заболувања може да се лечат, многу од нив и да се излечат, но ако се занемарат може сериозно да го загрозат здравјето на човекот и да доведат до тешки пореметувања па и до смртен исход.  

Најважни општи симптоми при пореметување на функцијата на тиоидната жлезда, при нејзина хипер или хипо функција (зголемено или намалено излачување на хормоните):

* астенија (хипо)

* апатија (хипо) или возбуденост (хипер)

* забавен (хипо) или забрзан (хипер) ритам на пулс

* забавен (хипо) или забрзан (хипер) срцев ритам

* зголемување на телесна тежина (хипо) или губиток на тежина (хипер)

* кај деца: нарушување на растот и развојот

 

Каде има потреба од Тироиден Статус?

1. Сите пациенти со комбинација на симптоми кои сугерираат на тироидна дисфункција, со или без морфолошка аномалија на тироидна жлезда. Исто така поради есенцијалната улога на тироидните хормони во растот и развојот на организмот, тироидниот статус е од голема корист и кај новороденчињата и децата со нарушувања во растот и развојот.

2. Пациенти кои се лекуваат од болести на тироидната жлезда и кои се на терапија со синтетски антитироидни лекови или со тироксин (Т4).

3. Пациенти кои се на терапија со лекови кои можат да предизвикаат промени на функцијата на тироидеата (литиум, амиодарон, интерферон итн.)

4. Пациенти со различни нетироидни автоимуни заболувања.

 

Профил и интерпретација

 

Кој тест да го направите?

TSH е секогаш првиот скрининг тест кој треба да се направи.

            Искористете го следниов начин на пристап:

1. Кога имате појава на некои од општите симптоми, елиминирајте го од дијагноза тироидното заболување користејќи го само TSH тестот,

2. Во случај на клиничко сомневање за тироидно заболување, потврдете ја дијагнозата со помош на TSHи fT4 (TSHможе да биде променет од нетироидни фактори)

3. Кога следите пациенти со терапија за тироидно заболување, ако е потребно fT4 или fTтестовите можете да ги користите како дополнение на TSH тестот.

Кога следите пациенти со терапија за секундарен хипотироидизам, TSH тестот не ви е од корист. За оваа потреба треба да ги користите fT4 и fT3 тестовите.

 

 

 

Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2017