Тел: +389 (0)2 5300 898 ; 078/394-829 ; +389 (0)2 5300 766  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

Тест за идентификација на 11 бактериски предизвикувачи на парадентопатија

2021-12-20
Тест за идентификација на 11 бактериски предизвикувачи на парадентопатија

Само во БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА 👉 Молекуларно - Генетска Лабораторија / Тест за идентификација на 11 бактериски предизвикувачи на парадентопатија.🔴

Периодонтитис и пери-имплантитис се инфективни болести кои се предизвикани од одредена група периодонтопатогени бактерии. Овие специфични бактерии, активно го уништуваат пародонтот, како и мекото и коскеното ткиво и на овој начин доведуваат до масовен инфламаторен одговор, кој на крајот предизвикува губење на природните заби и имплантите. За успешно, долгорочно решение од суштинско значење е прецизно одредување на бактериите кои го предизвикуваат заболувањето. Мicro-Ident® plus 1 обезбедува точни информации за застапеноста на 11 периодонтопатогени бактериски видови, како и за составот на „бактерискиот комплекс“. Резултатите кои се добиваат од овој тест, се идеална основа за индивидуално планирање на третманот. Оваа молекуларна ДНК анализа овозможува прецизна селекција на антибиотици, поставување на прогноза за повторување на заболувањето, како и следење на успешноста на третманот. Откако ќе ги откриете предностите на оваа современата дијагностика, ќе бидете изненадени колку едноставно и ефикасно можете да имате успешни третмани.

БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!

Датум на објава: 2021-12-20
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2022