Тел: +389 (0)2 5300 898 ; 078/394-829 ; +389 (0)2 5300 766  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ

2020-03-09
ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ

   Секоја жена го чува споменот на оној ден,  кога од девојче ќе стане млада жена и ќе навлезе во репродуктивниот период од својот живот.

Првото менструално крварење се вика менарха, циклус кој се повторува на секои 28 дена плус- минус 7 дена. Овој циклус представува физиолошко созревање на хормоналната оска хипоталамус- хипофиза - јајници и представува позитивна или негативна спрега на лачење на половите хормони FSH, LH, Progesterone, Estradiol.ЛИНК. Со менструалниот циклус се поврзуваат два проблема кои најчесто ги мачат младите дами, ПМС (пред менструален синдром) и сидеропенична анемија.

ПМС е состојба карактеристична со промена на расположение, главоболка, задршка на течности, зголемена температура, отечени дојки, притисок и болка во карлица, отежнато варење, кожни акни. Овие промени се индивидуални и нивниот механизам не е добро познат, но веројатно се должи на промена на ниво на естрадиол и прогестерон како и дополнителни фактори како што се социјалните, културните, биолошките и психолошките фактори. За намалување на симптомите на ПМС се препорачува физичка активност проследена со доволно одмор и урамнотежена и правилно одбрана исхрана. Не ретко токму интолеранцијата на некоја храна е причина за појава на изразени симптоми во ПМС ЛИНК. Нај чест вид на интолеранција на храна е интолеранција на лактоза ЛИНК

Другиот проблем кој најчесто се јавува во репродуктивниот период е сидеропеничната анемија кој при лабораториска анализа на крвта се појавува во вид на намалена вредност на еритроцити, намален хемоглобин и хематокрит но и намалени вредности на железо, феритин, UIBC, TIBC ЛИНК. Овие вредност жената склона на анемии треба да ги контролира еднаш месечно и задолжително да се консултира со доктор

При благи облици на анемија состојабата може да се подобри со консумирање на храна богата на железо ( лиснат зеленчук, цвекло, телешки џигер). Кај жени со изразена форма на анемија потребна е терапија со железо во консултација со доктор.

Со почетокот на половиот живот, секоја дама има обврска кон своето репродуктивно здравје и во редовните систематски прегледи да ја вклучи и посетата на доктор специјалист по гинекологија барем еднаш годишно. Гинеколошките прегледи имаат големо значење во рано откривање на инфекциите односно дисбактериоза и сексуално преносливи болести линк Фемофлор. Во овој период многу чести се и уринарните инфекции кои се детектираат преку микробиолошки испитувања и во консултација со доктор. Раното откривање на присуство на ХПВ вирусот има огромно значење за превенција на женското здравје.  Статистиката покажува дека носители на ХПВ вирус се околу 50% од сексуално активното населени, а за жени до 50 години тој процент расте и до 80%. Во зависност од типот, ХПВ вирусот може да доведе до развој на карцином на матката, но за среќа постојат прецизни дијагностички методи кои даваат можност правилна типизација на вирусот и следење на неговата активност ЛИНК.

Сето тоа е вовед во еден од најсреќните моменти во животот на една жена, а тоа е бременоста. Денеска е голем интересот за домашно тестирање за бременост, но треба да се знае дека правата дијагностика на бременост е со детекција на хормонот на бременсот beta HCG ЛИНК. Во минатото бременоста била апсолутно не планирана, и не ретко завршувала со спонтани абортуси како и вродени аномалии на плодот. Денеска науката преку програмите за пренатален скрининг Benetech ЛИНК им помага на семејствата да донеста на свет здрави потомци.

Чест проблем кај жени во средна возраст се болестите на штитната жлезад. Штитната жлезда сместена во предниот дел на вратот ги лачи хормоните T3 i T4 ЛИНК чие лачење е контролирано од TSH хормонот на хипофизата кој пак се контролира од TRH хормонот на хипоталамусот. Најчести заболувања на штитната жлезда се:

·         Хипертиреоза, односно зголемена синтеза на T3 i T4, со намалени вредности на TSH, пропратени со симптоми на нервоза, растроенсот, немир, замор, малаксаност, несоница, тресење на рацете, зголемено потење, опаѓање на косата, пореметен менструален циклус.

·         Хипотиреоза,односно намалена функција на штитната жлезда и соответно пониски вредности на T3 i T4, а зголемени вредности на TSH, пропратена со симптоми на поспаност, замор, депресија, намалена концентрација, брадикардија односно намалени отчукувања на срцето, намален апетит, зголемена телесна тежина, бледа и сува кожа, промена на квалитетот на косата и ноктите, отеченост. Наведените симптоми се индивидуални и може да бидат во различни комбинации, но при појава на некој од овие симптоми потребно е да се направи лабораториска анализа на вредностите на T3, T4, TSH, (linkтироидни хормони) и доколку овие параметри излегуваат од границите на нормалните вредности потребно е да се направи преглед на штитната жлезда со ултразвук кај доктор специјалист по интерна медицина . може линк на мулти медика. Доколку се утврдат промени на структирата на жлездата докторот назначува доплнителни испитување кои вклучуваат антитела на тиреоглобулин anti-Tg, и антитела на тироидна пероксидаза anti-TPO.ЛИНК Доктор интернист ендокринолог препишува соодветна терапија доколку е тоа потребно.

Во репродуктивниот период на жената ја истакнуваме важноста на самопрегледот на дојките но и редовните годишни или двегодишни прегледи кај доктор радиолог проследено со соодветни дијагностички методи. Тумор маркерите и покрај тоа што не се високо специфични и чувствителни, сепак нивните вредности се корисен параметар за дијагноза и следење на текот на заболувањето.

Здравите луѓе би требало да направат серија од тумор маркери за да ја одредат еталонската односно почетната вредност на секој тумор маркер ЛИНК

Средната возраст на жените е крстосница како во начинот на размислување така и во нејзиниот односот кон состојбата на своето тело и ум. Во таа смисла современата жена обрнува големо внимание на својот физички изглед кое е резултат на правилната исхраната. Не ретко интолеранцијата на храна ЛИНК е основата за нарушување во телесната тежина. Интолеранција на храна настанува кога телото одредена храна ја препознава како „штетна“ иако се работи за сосема здрава намирница како јаболко или јаткасти плодови. Симптомите се главоболка, замор, тегоби во варењето, воспаление на синуси, развој на асма, разни хронични заболувања, автоимуни заболувања (линк автоимуни маркери) и тумори кои настануваат како последица од ова пореметување. Интолеранција на лактоза е нај честиот облик на интолеранција на храна ЛИНК. Посебно место тука имаат алергиите кои се сметаат за пандемија на 21 век. Алерголозите во Македонија сметаат дека една четвртина од македонците пројавуваат некакви симптоми на алергија. Затоа постојат брзи и лесни дијагностички методи со кои се овозможува дијагноза на алергијата ЛИНК и насока за правилен третман кое ќе го подобри квалитетот на животот.

Редовно правење на основна крвна слика ЛИНК , електролитен статус, тромесечен хемоглобин HbA1C ЛИНК , Вит. Д, се основни параметри кои даваат податоци за општата состојба на телото на жената во период на исклучителен психофизички напор како резултата на секојдневни работни и домашни обврски проследено со негативните страни на современтот живеење.

По долгогодичниот репродуктивен период во животот на жената следи период на промена наречена менопауза. Менопауза е природна промена на биолошкиот и репродуктивен систем карактеризиран со гаснење на функцијата на јајниците. Во овој период престанува менструалниот циклус и најчесто се одвива во периодот помеѓу 45  и 55 година од животот на жената. Перименопауза е приод од 2 до 8 години пред наспаување на менопаузата кој се карактеризира со промени во овулаторните циклуси и неправилни менструални циклуси, ненадејни и обилни крварења.

Симптоми на перименопаузата се топлотни бранови, нагли пормени на расположение, замор, несоница, главоболка, намалена еластичност на кожата, промена на вагиналниот секрет, појава на генитални инфекции, намалена сексуална желба, развој на остеопороза, кардиоваскуларни заболувања, пореметена рамнотежа.

Најголемо внимание обраќаме токму на остеопорозата и кардиоваскуларните заболувања бидејќи жената може да влијае на своето здравје и да се заштити од појава на болести во периодот на менопаузата.

Пред отпочнување на некаква заменска терапија неопходно е да се направат лабораториски испитувања за одредување на коскените маркери ЛИНК PTH, остеокалцин, вит. Д Тука се и молекуларните испитувања за генетска карта за калциум VDR (linkгенетска карта за ца метаболизам)ми треба на фаце пакет вдр+Вит. Д+ електролити.

Друг важен аспект на менопаузата е превенција на развој на кардиоваскуларни заболувања која започнува со редовни систематски прегледи кои вклучуваат лабораториски наоди за работата на бубрезите,(линк анализи на урина на веб), црниот дроб (ензимски статус), маснотии во крв (липиден статус) електролити(електролитен статус), ниво на хомоцистеин (срцеви биомаркери). Светските испитувања докажале дека аминокиселината хомоцистеин ги оштетува ѕидовите на крвните садови и овозможува таложење на масни клетки во нив и создавање на атеросклеротичен плакт кој е причинител  на кардиоваскуларна болест.

Затоа драги жени, без разлика на годините нашиот живот е исполнет со големи предизвици пред кои не ставила мајката природа, но таа знае дека жената може и умее да се грижи за себе исто како што се грижи за своите сакани. Не заборавајте дека на светот му се потребни силни и здрави жени!

Датум на објава: 2020-03-09
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2020