Тел: +389 (0)2 5300 898 ; 078/394-829 ; +389 (0)2 5300 766  |  E-mail : laboratorija@bioteklab.com.mk
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  

Covid-19 кардијален пакет

2021-08-19
Covid-19 кардијален пакет

 

Последици од прележан ковид

Многу студии укажуваат на последици од прележан ковид кај 80% од испитуваните пациенти, дури и по 6 и повеќе месеци по прележување на болеста, а проценката е дека  и до 5% ќе имаат сериозни проблеми и понатаму, како директна последица на Ковид-19.

Во тек на болеста недостатокот на кислород го оптеретува срцето да работи забрзано, атоа секако ќе доведе до одредени оштетувања. Некои од проблемите не се очигледни, но долгорочно  стануваат сериозни.Многу пациенти се жалат на недостаток на воздух, напади на забрзана срцева работа (тахикардија) и повеќе месеци по прележување на болеста.

Со цел да им се помогне на болните од Ковид и оние кои го прележале, БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА  го воведе  КАРДИЈАЛНИОТ ПАКЕТ, со кој се испитуваат битнитебиохемиски параметри кои би помогнале во навремено лечење, со цел да се спречат поголеми оштетувања понатаму и остануваат трајни, што секако влијае на квалитетот на животот.

Пакетот ги содржи анализите:

·         Диференцијална крвна слика ( со 22 параметри)

·         Холестерол, Триглицериди, Уреа, Креатинин, Железо, Гликоза, AST и ALT

·         CRP

·         LDH

·         D-Dimeri

·         Troponin HS

·         Interleukin-6

 

TROPONIN HS  е прв избор за кардијален маркер при AMI (акутен миокарден инфаркт) со оглед  дека има највисока сензитивност и специфичност, но истиот е многу  битен показател за оштетување на срцевиот мускул.

 

INTERLEUKIN-6( IL-6)  e протеин чија продукција расте во организмот како одговор на инфекција и оштетување на ткиво (орган).Учествуа во појачана продукција на антитела, синтеза на CRP и фибриноген. Битен е за процена на пациентот кај кој постои сомнеж за системски или локален воспалителен процес.

Датум на објава: 2021-08-19
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2021