Тел: 13 090  |  E-mail :
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  
За Нас

Во Скопје е отворена лабораторија опремена со најсовремени апарати. БИOTEK лабораторијата претставува прва специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени медицински апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема.

Најголема палета на молекуларни и генетски тестови во Македонија.

Прва приватна лабораторија со 3 засебни лиценци за : биохемија- имунологија, микробиологија и молекуларна дијагностика.

 

Опремата и реагенсите се од врвни светски брендови како: Beckman Coulter, BioMerieux, MEDIWISS. БИOTEK лабораторија ќе нуди комплетна клиничка анализа со најсовремена технологија, мониторирана и сертифицирана во Англија на месечно ниво.
Врвната технологија дава брзи и прецизни резултати, a високо стручниот кадар е гаранција за грижата на здравјето на секој пациент.

Со 20 годишно искуство на БИОТЕК во работа со врвни светски производители во областа на биохемија, имунологија, микробиологија и молекуларна биологија, решивме да инвестираме во лабораторија во која најдобрите производи во овиe области ќе бидат достапни за секој пациент. Со инвестирање во една ваква лабораторија која пред се има најсовремена опрема и врвни но и одличен медицински кадар, сакаме да придонесеме максимално кон подобрување на здравјето на луѓето преку брза и прецизна анализа која ја нудат овие апарати и која ќе биде на месечно ниво мониторирана во Англија. Со инвестирање на комплетно автоматски методи и контроли ќе бидеме во чекор cо највисоките лабораториски европски стандарди. Истовремено, по европски модел, во нашата лабораторија се одржуваат и едукациски работилници за нашите клиенти од Македонија, изјави г-ѓа Анкица Синадинова – Базерко.

 

Заштитете се вие и вашето дете, вашето семејство, вашите блиски...
Сакате да го откриете вистинскиот причинител...Alleisa Screen Е ВАШЕТО РЕШЕНИЕ!
CCD blocking solution - 100% сигурен резултат (0% лажно позитивни резултати)

Тироида: проверете хормонски статус најмалку еднаш годишно!
Симптоми: апатија или возбуденост; забавен или забрзан пулс; забавен или забрзан срцев ритам; зголемена или намалена телесна тежина; деца - заостанат раст и развој. 
Задолжително за секоја жена после 40 години. 
Направете контрола TSH, FT4 и FT3. 

 

Биотек Лабораторија се наоѓа на 4 локации во Скопје,  Центар Ул. Васил Ѓоргов 12, Ѓорче Петров Ул. Македонска Војска бр.20, Кисела Вода - Расадник Ул. Христо Татарчев 43Б и Буњаковец Ул. Аминта Трети 44.

За Нас
Ценовници
Ценовник на анализи
Погледнете го ценовникот на Биотек лабораторија.
Документи
Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2024