Тел: 13 090  |  E-mail :
Почетна  |   За Нас  |   Контакт  |   Работно време  |  
MK  |   EN  |  
КАКО БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА СЕ СПРАВУВА СО КОРОНА ВИРУСОТ

Драги наши пациенти и соработници,

Ние во Биотек Лабораторија целосно сме свесни за улогата на Биотек Лабораторија во функционирањето на вашата компанија и затоа ве известуваме дека Биотек Лабораторија ќе продолжи да го превзема и обработува биоматеријалот од сите наши соработници исто како и до сега. Моментално Биотек Лабораторија работи без рестрикции. До сега немаме никаков проблем со капацитетот или потребните материјали за извршување на потребните анализи.

Внатрешни мерки за заштита во Биотек Лабораторија

Сите простории каде се движат пациенти се дезинфицираат неколку пати на ден. Вработените се информирани и обучени за спроведување на мерките за превенција од корона вирусот како што се лична хигиена, меѓусебно однесување и внимателност како и процедура за справување со пациенти кои покажуваат знаци на заболување со корона вирусот.

Справување со ризик

Во овој момент Биотек Лабораторија нема причина да стравува од нарушена функционалност и испорака на предвидените услуги кон вас како наши партнери. Од друга страна моменталната ситуација со корона вирусот наложува специјални мерки превземени од страна на Владата на Р. С. Македонија, мерките за изолација, карантин и паника меѓу луѓето кои може да влијаат и да го загрозат процесот на функционирање на лабораторијата во иднина.

Ние не можеме да го предвидиме текот на оваа пандемија, но како и вие, искрено се надеваме дека ситуацијата што поскоро ќе биде надмината.

Раководството на Биотек Лабораторија одблизу ја следи ситуацијата и за секоја промена на изнесените информации во овој текст соодветно ќе ве извести.

 

Сите права се задржани - БИOTEK ЛАБОРАТОРИЈА - 2024